Технологија вселена

Астрономите открија нова планета: Можно е да е покриена со океани

Астрономите забележале далечна планета која може да биде покриена со длабоки океани, објави „The Guardian“.

Астрономите открија нова планета: Можно е да е покриена со океани

Астрономите забележале далечна планета која може да биде покриена со длабоки океани, објави „The Guardian“.

Набљудувањата, направени од вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST), открија водена пареа и хемиски „потпис“ на метан и јаглерод диоксид во атмосферата на егзопланетата, која е двојно поголема од Земјата и се наоѓа на околу 70 светлосни години одалеченост.

Оваа хемиска мешавина е во согласност со воден свет каде океанот би ја покривал целата површина и атмосфера богата со водород, според истражувачите од Универзитетот во Кембриџ.

„Океанот може да биде топол 100 степени или повеќе. При висок атмосферски притисок, океанот толку топол би можел да биде течен, но не е познато дали може да биде населен со живи организми“, изјави професорот Нику Мадхусудан, кој беше на чело на ова истражување.

Овој заклучок беше објавен во списанието „Astronomy and astrophysics Lets“, но беше оспорен од канадскиот тим, кој направи дополнителни набљудувања на истата егзопланета, позната како „TOI-270d“.

Тие откриле дека се присутни истите атмосферски хемикалии, но се сомневаат дека планетата е премногу топла за течна вода, велејќи дека температурата е околу 4.000 степени.

To top