На врвот на оваа листа е прашањето: „Што е автосексуално?, според Google. Имено, од компанијата ги сподели најчесто поставуваните прашања за секс и врска во 2024 година.
Терминот се најде на насловните страници во 2020 година кога Кортни Кардашијан сподели објава на нејзиниот блог, односно напиша: „Дали си автосексуалец?”
Суштинското значење на зборот е дека автосексуалните луѓе се привлечени од сопственото тело, а Healthline вели: „терминот „автосексуалец“ ги опишува луѓето кои се повеќе сексуално привлечени кон себе отколку кон другите луѓе. Иако автосексуалците првенствено си се привлекуваат самите себе, сепак можат да бидат привлечени од други луѓе. Healthline наведува дека, иако ова е релативно непознат термин, многу луѓе всушност се идентификуваат како автосексуалци.
На второ и на трето место меѓу најпребаруваните прашања на Гугл во 2024 година се „Дали е нормално да крварам после секс?“ и „Дали мастурбацијата е грев?“.
Следните три најпребарувани прашања на Google се: „Што е оргазам?“, „Колку долго после царски рез можете да имате секс?“ и „Колку често брачните парови имаат секс?“.