Љубов и Секс совети

Неколку знаци дека сте лоши во кревет! Можеби имате премногу високо мислење за вашите вештини

Психотерапевтката специјализирана за секс и врски, Миранда Кристоферс, ги откри знаците дека сте лоши во кревет.

Неколку знаци дека сте лоши во кревет! Можеби имате премногу високо мислење за вашите вештини

Психотерапевтката специјализирана за секс и врски, Миранда Кристоферс, ги откри знаците дека сте лоши во кревет.

На прво место е недостатокот на самодоверба. Кога не се чувствувате удобно во сопственото тело, не можете да бидете отворени или спонтани, пишува „Њујорк пост“.

„Може да инсистирате да имате секс во темница или под покривката. Може да помогне да се фокусирате на она што го сакате и што прави да се чувствувате добро“, вели таа.

Таа советува да пуштате музика или да палите свеќи за да се чувствувате поудобно. Друг проблем е што лесно ви се одвлекува вниманието.

„Добар секс значи да се биде поврзан, да се изгубите себеси во задоволство, да не размислувате за следниот потег и да изгледате како да танцувате со партнерот“, рече таа.

Еден од проблемите е и што се срамите отворено да зборувате за секс со партнерот. За вистинско задоволство, важно е да ги знаете желбите на вашиот партнер и да му откриете што очекувате од него.

Покрај горенаведеното, отежнувачки може да биде и фактот дека не ја менувате вашата рутина. Истражувањата покажаа дека мажите во долги врски почесто доживуваат сексуална здодевност отколку жените.

To top