Редовната физичка активност е поволна за вашиот сексуален живот, а сигурно веќе знаете колку е важно вежбањето за одржување на здравјето и добрата физичка форма на телото.
Сексот и вежбањето се поврзани на повеќе начини отколку што сте претпоставувале, а овие факти можеби ќе ви одговорат на некои прашања што ви претставувале дилема досега.
Зголемено либидо кај жените
Научно е докажано дека физичката активност ја поттикнува сексуалната желба кај жените и тоа по само 30 минути вежбање.
Намалено либидо кај мажите
Уште еден доказ колку се различни мажите и жените. Додека со редовно вежбање кај жените се зголемува желбата за секс, кај мажите ситуацијата е сосема поинаква. Вежбањето го намалува либидото кај мажите, па можеби затоа е добро да „олабавите“ малку со теретаната ако забележите некаква промена.
Лачење на полови хормони
Кревањето тегови не само што ве зајакнува, туку и истовремено влијае на лачењето адреналин, ендорфин и тестостерон, кој е многу важен полов хормон. Кардио вежбите исто така го поттикнуваат нивното лачење, но не толку многу колку вежбите со тегови.
Издржливост
Ова не е некоја филозофија: колку подобра кондиција имате во теретана, толку повеќе ќе издржите и во кревет. Вежбањето ги зајакнува вашите мускули, па не заборавајте да работите на сите групи мускули, особено на централниот дел на телото, за поголема издржливост во секс. Јасно ви е зошто е важно да набилдате мускули со вежбање, а не со „хемија“, така?