Љубовна порака на сред улица во центарот во Скопје.
Дали авторот сакал да ја покаже својата емоција со напишаното „ТЕ САКАМ“ или пак ова било начинот да се извини за нешто, не успеавме да дознаеме.
Во секој случај, веруваме дека оваа порака на некого му го разубавила денот и му предизвикала насмевка.
Сакајте се и нека има љубов.