Храна и Пијалаци вкусно

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната.

Здрави енергетски бомбици без шеќер и брашно готови за пет минути

Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути.

Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната.

Состојки:

200 грама урми
50 грама бадеми, ореви или други јаткасти плодови
20 грама суво овошје (боровинки, суво грозје)
една лажица кокосово масло
50 грама сечкани ореви за декорација
неколку лажици вода по потреба

Подготовка:

Во повеќенаменски процесор за храна ставете урми, 50 грама јаткасти плодови, 50 грама суво овошје и една лажица кокосово масло. Откако состојките иситнат и соединат, формирајте топчиња. Ако смесата е густа, додадете неколку лажици вода.

Откако ќе ги формирате топчињата, валкајте ги бомбиците во исецканите ореви. Можете да користите и комбинација од сецкани бадеми, ф’стаци и ореви. Можете да користите кокос, сусам или какао во прав.

To top