Нема попопуларни грицки од чипсот, но оној со вкус на сланина наскоро веќе нема да може да се купи.
Чипсовите со вкус на чадена сланина ќе бидат забранети ширум Европската унија, откако Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) утврди дека популарните вкусови на вештачки чад може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Имено, ЕФСА објави дека вкусот на чадот е поврзан со генотоксичност, односно способност на хемикалијата да го оштети генетскиот материјал на клетките.
-Промените или мутациите на генетските информации во клетката може да го зголемат ризикот од развој на состојби како рак и наследни болести, објаснија тие.
На крајот беше заклучено дека „со ваков тип на токсичност не може да се дефинира безбедно ниво на арома“, па на крајот на април беше донесена одлука за целосна забрана. Секако, забраната за продажба на чипс со вкус на чадена сланина нема да се случи преку ноќ. Периодот на приспособување ќе трае две години во земјите-членки на ЕУ.
-По периодот на исклучување, тие вкусови повеќе нема да бидат дозволени за употреба во ЕУ, соопшти ЕФСА.
Така, земјите-членки на ЕУ тивко се согласија за забрана на крајот на април, а аромите за чад ќе бидат целосно укинати во текот на следните неколку години низ Европа.
Но, ова нема да влијае само на чипсот, бидејќи овие вкусови често се додаваат на месо, сирења, риба и сосови како сос за скара.