Храна и Пијалаци рецепт

Вкусен деликатес со модар патлиџан кој ги буди сите сетила

Измијте го модриот патлиџан и исечете го на коцки.

Вкусен деликатес со модар патлиџан кој ги буди сите сетила

Потребно е:

300 гр тестенини (по избор)
1 голем модар патлиџан
2 чешниња лук
400 гр сос од домати
маслиново масло
сол
бибер
свеж магдонос

Подготовка:

Измијте го модриот патлиџан и исечете го на коцки.

Во тава загрејте маслиново масло, додадете ситно сечкан лук и кратко пропржете го.

Додадете ги коцките модар патлиџан и пропржете ги додека не омекнат.

Потоа додадете сос од домати, сол, бибер и варете додека сосот не се згусне.

Во меѓувреме, варете ги тестенините според упатствата на пакувањето.

Кога тестенините се готови, соединете ги со сосот од модар патлиџан и добро измешајте.

На крај посипете со сечкан магдонос и послужете топло.

To top