Храна и Пијалаци

ТИРАМИСУ ТОРТА СО КАРАМЕЛ БИСКВИТИ: Десерт што мириса на кафе и дом

ТИРАМИСУ ТОРТА СО КАРАМЕЛ БИСКВИТИ: Десерт што мириса на кафе и дом

Оваа торта без печење го комбинира вкусот на карамел бисквити и класичен тирамису крем. Лесна е за подготовка, а благодарение на слоевите бисквити, крем и кафе, идеална е како празнична торта или како десерт со кафе.

Состојки:

Кора:

300 г мелени карамел бисквити
120 г маргарин
50 мл млеко

Фил:

250 мл слатка павлака
200 г крем сирење
8 пишкоти

Друго:

силно домашно кафе (еспресо или турско)
какао во прав за наросување

Подготовка:

Измешајте мелени карамел бисквити со млеко и растопен маргарин. Рамномерно притиснете ја смесата во калап со дијаметар од 20 см, за да добиете цврста кора. Изматете ја слатката павлака и крем сирењето со миксер додека не станат мазни и кремасти. Премачкајте половина од добиениот фил врз подготвената кора. Накратко потопете ги пишкотите во кафе и наредете ги врз слојот крем. Покријте со остатокот од филот и измазнете ја површината.

На крај, обилно посипете ја тортата со какао во прав. Оставете во фрижидер да се олади најмалку 4 часа, за убаво да се стегне и вкусовите да се спојат.

To top