Потребно е:
1 чаша ориз
1 литар млеко
80 гр млечна чоколада
рендана кора од портокал
боровинки
Подготовка:
Оризот измијте го под млаз вода, ставете го во тенџере и прелијте со вода, колку да го покрие.
Варете го, а кога ќе почне да врие, намалете ја температурата, па постепено додавајте уште 100 мл вода.
Мешајте постојано да не се залепи на дното на тавата и да не изгори. Кога целата вода ќе зоврие, истурете го млекото, повторно малку по малку и постојано мешајќи.
Како што отекува оризот, додадете уште млеко. Кога ќе добиете густа смеса, сутлијашот е готов.
Се трга од шпорет и се додава растопената чоколада и ренданата кора од портокал. Добро измешајте да се соединат состојките и пред да го прелиете во садови, оставете го да отстои околу 10 минути. Украсете со боровинки.