Сакате да пробате нешто поразлично оваа година во подготовка на здрава зимница. Еве го нашиот предлог-кисел кромид!
Постојат многу начини да се подготви киселиот кромид, а ова е наједноставниот.
Кромидот содржи многу корисни витамини, минерали и влакна, а најзастапени во својот состав се витамин Ц, потоа витамини од Б комплексот, меѓу кои најважни се Б9 и Б6, потоа калиум, а исто така има, како и со другите видови кромид, флавоноидот кверцетин, кој се покажа дека го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Состојки:
1 кг кромид (главите треба да бидат што помали)
300 мл вода
200 мл оцет
2 супени лажици сол
2 лажици шеќер
ловоров лист, сол и бибер по вкус
Подготовка
Истурете вода и оцет во тенџере, а потоа додадете сол и шеќер и оставете да зоврие. Се трга на страна да се излади.
Потоа исчистете го кромидот и наредете ги главите во измиени, па во добро стерилизирани тегли.
Посипете ги со бибер и ловорови листови, па прелијте со изладената течност.
Притиснете со пластична мрежа и цврсто затворете ги теглите.
Оставете на темно, ладно и суво место.