Љубовта дефинитивно доаѓа преку уста. Ако подготвите тестенини „омажи ме“ со ракчиња, можеби ќе добиете предлог за брак.
Потребни ви се:
340 грама тестенини каламари или ригатони,
45 грама исчистени ракчиња,
40 грама сечкани сушени домати на масло, две големи лажици масло, една и пол лажица намаз од сушен домат, пет големи глави лук, една и пол лажица брашно,
240 милилитри бело вино,
200 грама кисела павлака,
65 грама чадена пиперка, лажичка и пол сушен италијански зачин,
120 грама пилешка супа,
150 грама рендан пармезан и свеж босилек.
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода, исцедете ги и оставете ги на страна. Загрејте две лажици масло во голема тава на средна топлина. Додадете ги ракчињата и варете додека не поруменат од двете страни. Префрлете ги во сад и оставете ги на страна.
Во тавата ставете ги сушените домати, доматната паста и лукот. Мешајте постојано додека не замириса. Додадете го брашното и продолжете со мешањето. Истурете го виното и варете уште околу две минути.
Додадете пилешка супа, крем, сирење пармезан, италијански зачини и пиперка. Намалете ја топлината на средно и продолжете со готвењето, повремено мешајќи додека малку не се згусне.
Намалете ја топлината на минимум и додадете ги тестенините и ракчињата во тавата. Гответе и мешајте додека сè не се соедини, околу три минути. Се трга од шпорет и се додава босилекот. Уживајте!