Храна и Пијалаци рецепт

Сок од бозел: Најубаво освежување за топлите летни денови

Ќе ви требаат и поголеми чинии, како и чисти подготвени стаклени шишиња со затворачи за складирање.

Сок од бозел: Најубаво освежување за топлите летни денови

Дознајте како да направите сок од бозел, кој на многумина им е омилен пијалок бидејќи има специфичен примамлив вкус.

Ова е мерка од околу четири литри сируп од бозел. Ако сакате повеќе или помалку, прилагодете ги мерењата на вашите потреби. Тоа значи дека за 10 цветови ќе користите литар вода, килограм шеќер и еден лимон, односно за 100 цветови ќе ви требаат 10 литри вода, 10 килограми шеќер и 10 лимони, по можност непрскани.

Ќе ви требаат и поголеми чинии, како и чисти подготвени стаклени шишиња со затворачи за складирање.

Состојки:

– 30 цветови од бозел
– 3 литри вода
– 3 лимони
– 3 кг шеќер

Подготовка:

Потопете ги цвеќињата во вода со лимонска киселина и исечен лимон со кора. Добро измешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.

Вториот ден се цеди, па се додава шеќерот и убаво се меша. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање.

По 48 часа, сирупот е подготвен за истурање и чување во стаклени шишиња. На овој начин можете да го чувате до една година на ладно и темно место.

To top