Храна и Пијалаци за мерак

Сочна, блага и богата штрудла со тиква и цимет која им успева на сите

Иако правењето штрудла понекогаш може да изгледа како многу работа, оваа верзија ќе ви се допадне бидејќи е брза, а резултатот е десерт за паметење.

Сочна, блага и богата штрудла со тиква и цимет која им успева на сите

Има многу начини како да ја искористите тиквата во кујната – таа е идеална состојка за многу јадења, од солена до слатка, одлична е во супа, но сепак најубава како сочен фил во колачи!

Иако правењето штрудла понекогаш може да изгледа како многу работа, оваа верзија ќе ви се допадне бидејќи е брза, а резултатот е десерт за паметење.

Состојки:

За кората:

600 грама брашно
половина коцка квасец
350 милилитри топла вода
6 лажици масло
3 лажици шеќер
прстофат сол

За полнење:

1,5 килограми тиква
3 лажици презла
300 грама шеќер
цимет по вкус

За посипување:

шеќер во прав по вкус

Подготовка:

Тиквата убаво измијте ја, исчистете ја и изрендајте ја што поситно. Потоа додадете околу 150 грама шеќер и ставете го на тивок оган, така што тиквата го ослободува сокот додека шеќерот се раствора. Потоа промешајте, додадете го преостанатиот шеќер и оставете го да се растопи со повремено мешање. Извадете и оставете да се излади, па додадете цимет и презла, повторно измешајте и оставете го на страна.

Во сад издробете една коцка квасец, истурете шеќер и малку топла вода и добро промешајте, па оставете го пет минути да се „активира“. Потоа додадете брашно, масло, вода и сол, па месете додека не добиете еластично тесто. Додадете брашно по потреба.

Потоа поделете на три дела за да добиете три штрудли.
Со сукало расукајте ги парчињата да не биде многу тенко, не повеќе од 4 милиметри, па размачкајте го филот од тиква. Завиткајте и печете околу 50 минути, во рерна загреана на 180 степени.

Откако ќе се испече, оставете ја штрудлата да се излади, па посипете со шеќер во прав и исечете.

To top