Храна и Пијалаци рецепт

Штрудла со мак

Штрудла со мак

Штрудла со мак е традиционален домашен десерт со богат вкус на мак и нежно, меко тесто. Одличен избор за празнична трпеза или за уживање со кафе или чај.

Состојки за тесто:

400 грама бело брашно
80 грама шеќер
40 грама свеж квасец
2 жолчки
200–300 мл млеко
рендана кора од лимон
лажица махлеп

За фил:

250 грама мелен мак
150 грама шеќер
100 грама суво грозје
1 ванилин шеќер
рендана кора од лимон
200 мл млеко
60 грама путер или маргарин (за премачкување)

За премачкување:

1 жолчка
2 лажици млеко

Подготовка:

Од наведените состојки замесете меко тесто и добро измесете го додека не стане мазно и еластично. Кога тестото ќе почне да се одвојува од садот, обликувајте го во топка. Покријте го и оставете го на топло место да нарасне додека не го удвои волуменот. Во меѓувреме подгответе го филот. Измешајте ги мелените зрна мак и шеќерот, па прелијте ги со врело млеко. Ставете ја смесата на тивок оган кратко да зоврие. Тргнете од оган и додадете суво грозје, ванилин шеќер и рендана кора од лимон. Оставете филот да се излади. Нараснатото тесто поделете го на два еднакви дела. Секој дел развлечете го во правоаголна кора, премачкајте со половина од путерот или маргаринот, па нанесете половина од филот. Завиткајте во ролат. Повторете ја постапката и со вториот дел. Ролатите ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете ги повторно да нараснат. Премачкајте ги со жолчка измешана со млеко. Печете во претходно загреана рерна на 200 °C околу 50–60 минути, во зависност од рерната. Откако ќе се испечат, оставете ги кратко да се изладат, па префрлете ги на решетка целосно да се оладат. Уживајте во мирисната и сочна штрудла со мак!

To top