Денес ви споделуваме рецепт за брауни или какао коцки без брашно, јајца или шеќер – можете да ги направите само со три состојки: банана, путер од кикирики и какао во прав.
Потребни состојки:
3 зрели банани
125 грама путер од кикирики
100 грама какао во прав
Начин на подготовка:
1. Излупете ги бананите и издробете ги со вилушка.
2. Измешајте ги мелените банани со путерот од кикирики и какаото.
3. Префрлете ја смесата во калап кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
4. Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 17 до 20 минути.
5. Оставете ги коцките да се изладат пред сервирање. На здравје!