Храна и Пијалаци рецепт

Рецепт за ПОСЕН ЈОГУРТ: Направете го сами

Префрлете ја смесата во кесичка со мали дупки и процедете ја, но не ја истурајте течноста.

Рецепт за ПОСЕН ЈОГУРТ: Направете го сами

Состојки:

190 гр овесна каша
1 литар вода
сок од 1/2 лимон
1 до 2 лажички јаболков оцет

Подготовка:

За да направите посен јогурт, истурете го овесот во сад, покријте го со вода и оставете да отстои еден час. Потоа префрлете ја смесата во блендер и измешајте додека не се изедначи.

Префрлете ја смесата во кесичка со мали дупки и процедете ја, но не ја истурајте течноста.

Во тенџере истурете го овесното млеко што го добивте и варете на средна топлина со постојано мешање. Ќе добиете густа смеса.

Префрлете го во сад и додадете сок од половина лимон и една до две лажички јаболков оцет. Добро измешајте и ставете во фрижидер да се излади.

To top