Храна и Пијалаци рецепт

Рецепт на денот: Штрудла со џем и ореви

Деликатес во чиј вкус ќе уживате.

Рецепт на денот: Штрудла со џем и ореви

Деликатес во чиј вкус ќе уживате.

Состојки:

– 350 гр брашно тип 500
– 150 гр остро брашно
– половина лажичка сол
– 2 лажици ванилин шеќер
– рендана кора од лимон
– 4 лажици масло
– 3 дл млака вода
– 15 гр свеж квасец

За фил:

– 450 гр мелени ореви
– 15 лажици џем од кајсии
– 1 лажица ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте го квасецот, малку шеќер, малку вода и брашното, па оставете го на топло место да нарасне.

Истурете ги сувите состојки во садот за матење, измешајте, направете бунар, додадете ги течните состојки и нараснатиот квасец.

Замесете мазно тесто и оставете го да нарасне. Поделете на три дела, направете ленти, покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.

За тоа време направете го филот – соединете ги сите наведени состојки и поделете ги на три дела.

Секоја лента виткајте ја во правоаголник со приближни димензии 30х25 сантиметри, премачкајте ја со филот и свиткајте ја штрудлата (од пошироката страна).

Штрудлите премачкајте ги со масло и оставете ги да одморат 20 минути. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

По желба изладената штрудла посипете ја со шеќер во прав.

А, ако штрудлата ја збогатите со јајца, млеко и маснотии или путер, ќе биде уште повкусна – вистински старомодна.

To top