Храна и Пијалаци неверојатна комбинација

Рецепт: Бомбици со урми и лешници

Се прават брзо и многу се вкусни.

Рецепт: Бомбици со урми и лешници

Потребни состојки:

200 г урми,
120 г лешници,
40 г какао,
1 прстофат сол,
1-2 лажички вода по потреба или кокосово масло (по желба).

За валкање на топчињата потребни се: 100 г мелени ореви/лешници/кекси/сусам/какао во прав/чоколадни трошки, по желба.

ПОСТАПКА:

Урмите прелијте ги со топла вода и оставете ги 15-тина минути да омекнат. Потоа исчистете ги од семките и исечкајте ги на коцкички за да можат полесно да се сомелат и да не се лепат при мелењето.

Лешниците ставете ги во некој помоќен „сечко“ или блендер и сомелете ги само со неколку „пулса“, колку да се иситнат, но не премногу ситно. Потоа додајте ги исечканите урми, прстофат сол и какаото.

Миксајте додека сите состојки да се соединат, а по потреба додајте малку вода или растопено кокосово масло (1-2 лажички). Кога смесата ќе се изедначи, црпете од неа со мала лажичка и со влажни дланки формирајте топче.

Соодветен сад прекријте го со хартија за печење или фолија, па редете ги направените топчиња. Потоа валкајте ги во кокос, мелени ореви, мелени лешници или нешто по ваш избор и редете ги во тацна за послужување, па оставете ги во фрижидер малку да се стегнат.

To top