Храна и Пијалаци опасност од појава на чир или гастритис

Прекумерната употреба на лимон може да биде штетна

Прекумерната употреба на лимон може да биде штетна

Лимонот е полн со витамин Ц и бројни други хранливи материи, па затоа е корисен и често присутен во секојдневната исхрана. Но, прекумерното внесување може да доведе до големи стомачни проблеми, сметаат лекарите.

Имено, високата киселост на лимонот може да предизвика дразнење на желудникот, а тоа ја зголемува опасноста од појава на чир или гастритис. Овој проблем е особено изразен доколку лимонот се внесува на празен стомак.

– Киселината во лимонот може да ја иритира слузницата на желудникот, зголемувајќи го лачењето на желудочната киселина, што може да ги влоши симптомите на состојби како жиговина, рефлукс и гастритис, објаснува гастроентерологот д-р Мајкл Вилијамс од Мисури, во САД.

Премногу честото консумирање може да предизвика и чир на желудникот, поради киселоста.

Умерената употреба на лимон, пак, може да биде корисна за здравјето. Се препорачува и да се урамнотежи вносот со намирници коишто ја неутрализираат киселоста, за да се спречат лошите последици за желудникот.

To top