Потребно е:
12 урми
3/4 шолја индиски ореви
половина шолја мелени лешници
половина шолја кокосови снегулки
1 лажица кокосово масло
2 лажички мача во прав
Подготовка:
Во блендер ставете ги урмите, индиските ореви, кокосовите снегулки, маслото и мачата во прав и изблендирајте за да добиете компактна смеса. Направете топчиња со раце и валкајте ги во мелени лешници. Чувајте ги бомбиците во фрижидер.