Крофните се незаменлив деликатес, особено популарни во зимските денови. Невозможно е да им се одолее, а изборот со што може да ги наполните е разновиден. Рецептот за крофни е сличен кај сите што ги подготвуваат, а овој подолу е посебен.
Како што почна постот, избравме посен рецепт за крофни со додавање кисела вода. Сигурно е дека ќе ви се допадне.
Состојки:
500 гр. брашно
1 ќесичка сув квасец
150 мл. млака вода
200 мл. кисела вода
3 лажици зејтин
2 лажици кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
Подготовка:
Во млаката вода се додаваат квасецот, шеќерот и една лажица брашно, се меша и се остава квасецот да се активира околу 10 минути. После тоа, додадете масло, кисела вода и ванилин шеќер. Добро измешајте, па додадете го преостанатото брашно. Замесете тесто и оставете го настрана на топло место додека да нарасне.
Кога ќе видите дека тестото нарасна, наросете ја работната површина со брашно и со сукало развлечете го тестото. Крофните обликувајте ги со калап или чаша и извадете ги од калапот.
Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги да нараснат уште 15 минути. Премачкајте ги со масло.
Добро загрејте ја рерната, потоа печете на 180 степени околу 25 минути. Готови се кога ќе добијат златно кафена боја.