Посните крофни се едно од најлесните задоволства што можете да ги подготвите за време на Божиќниот пост. Можете да ги направите празни или да ги наполните со џем по избор, а бидејќи се готови многу брзо, тие се рецепт кој секогаш треба да го имате при рака.
Иако се направени без јајца и млеко, посните крофни се многу сочни, а кората од лимон или портокал им дава посебна освежителна нота.
Состојки:
500 гр брашно
1/2 коцка свеж квасец
200 мл млака вода
75 мл масло
2 лажици шеќер
рендана кора од 1/2 лимон или портокал
Дополнително:
масло за пржење
шеќер во прав
Подготовка:
Издробете го квасецот во малку млака вода, потоа додадете една лажичка шеќер и малку брашно и оставете го квасецот да се активира.
По 10-тина минути во длабок сад измешајте ги останатите состојки, додадете го квасецот и замесете мазно тесто, па оставете го да стаса околу половина час.
Повторно замесете тесто, па префрлете го на набрашнета работна површина и расукајте го на дебелина од околу 1 сантиметар, па употребете чаша со саканата големина која сте ја валкале во брашно, за да ги извадите крофните и оставете ги да нараснат малку.
Во поголема тава загрејте го маслото на висока температура, па додадете ги крофните, малку намалете ја температурата и пржете ги по неколку минути од двете страни додека не добијат убава златна боја.
Готовите посни крофни извадете ги на хартиена крпа за да се впие вишокот маснотии, оставете ги малку да се изладат, а потоа посипете ги со шеќер во прав.
Послужете и уживајте. Пријатно!