Потребни состојки:
800 г брашно
1 кесичка сув квасец
500 мл млака вода
100 мл масло
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
сусам или ким за посипување (по желба)
малку масло за премачкување
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Растворете го квасецот во млака вода со шеќер, па оставете го 10 минути да се активира.
Во голем сад измешајте го брашното и солта, па додадете ја смесата од масло и квасец. Замесете мазно и еластично тесто.
Потоа покријте го со крпа и оставете го еден час да нарасне. Замесете го тестото и поделете го на 4 еднакви делови.
Секој дел расукајте го во круг и исечете го на 8 триаголници.
Превиткајте од поширокиот дел кон потесниот дел од триаголникот, правејќи ја класичната форма на ролат.
Наредете ги кифличките на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со масло и наросете ги со сусам.
Печете ги кифлите околу 20 до 25 минути, во рерна претходно загреана на 200 степени.