Храна и Пијалаци рецепт

ПОСНИ БОЛОЊЕЗЕ ШПАГЕТИ СО ПЕЧУРКИ: Класично јадење кое е рај за непцата

Црниот кромид, лукот, морковот и целерот ситно исечкајте ги.

ПОСНИ БОЛОЊЕЗЕ ШПАГЕТИ СО ПЕЧУРКИ: Класично јадење кое е рај за непцата

Ви треба:

400 гр паста
500 гр печурки
1 голема главица кромид
3 чешниња лук
1 морков
1 стебленце целер
400 гр излупени домати
2 лажици доматно пире
100 мл супа од зеленчук
2 супени лажици маслиново масло
сол
бибер
една лажичка оригано
лажичка босилек

Подготовка:

Црниот кромид, лукот, морковот и целерот ситно исечкајте ги.

Исчистете ги печурките и исечете ги на мали парчиња.

На загреано маслиново масло во тава пропржете го кромидот додека не стане стаклен.

Измешајте ги лукот, морковот и целерот, па пржете уште неколку минути додека зеленчукот не омекне.

Потоа, додадете ги исецканите печурки и пржете додека да испари водата.

Истурете ја доматната паста, доматно пире, супа од зеленчук, оригано и босилек. Зачинете со сол и бибер.

Гответе го сосот 20 до 30 минути, на тивок оган, повремено мешајќи додека не се згусне.

Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето, па исцедете ги, но зачувајте дел од водата за готвење.

Во готовиот сос додадете ги сварените тестенини, а потоа истурете ги со водата за готвење и добро измешајте.

Послужете топло, посипете со свеж магдонос.

Пријатно!

To top