Храна и Пијалаци рецепт

Посна штрудла со мак и вишни, одличен десерт за велигденските пости

Доколку сакате штрудла со мак или ореви, сигурно овој рецепт ќе се најде меѓу вашите омилени.

Посна штрудла со мак и вишни, одличен десерт за велигденските пости

Посна штрудла со мак и вишни е идеално уживање за сите кои го почитуваат велигденскиот пост, како и за љубителите на слаткото.

Доколку сакате штрудла со мак или ореви, сигурно овој рецепт ќе се најде меѓу вашите омилени.

Состојки:

3-5 готови кори
400 гр мак
200 гр вишни
1 кесичка ванилин шеќер
300 гр шеќер
вода
шеќер во прав

Подготовка:

Во тенџере измешајте ги ванилиниот шеќер, макот и водата додека не добиете смеса како палачинка. Откако сè убаво ќе измешате, ставете ја тавата на шпорет и мешајте додека не зоврие. Додека го подготвувате филот, вклучете ја рерната на 180 степени, за добро да се загрее.

Покријте ја тавата со хартија за печење. Убаво премачкајте ги корите од штрудлата, па ставете од приготвениот фил, оставајќи го едниот крај нераширен. Потоа во филот додадете вишни. Прецизно свиткајте ги корите во форма на штрудла и ставете ги во тавата за печење.

Се пече во загреана рерна додека убаво не порумени.

Кога штрудлата малку ќе се олади, посипете ја со шеќер во прав.

To top