Кремаста и вкусна, толку добра што и двојната мерка е премалку.
Состојки:
300 гр. посен мајонез
4 варени компири
шолја сечкан праз
3 варени моркови
едно чешне лук
2 конзерви туна
150 гр растително сирење
Подготовка:
Исечете ги компирите на коцки, измешајте ги со празот, зачинете со масло, оцет, бибер и сол и измешајте. Зачинете го ренданиот морков и сечканиот лук со масло и сол. Наредете ги состојките наизменично во калапот, а премачкајте ја салатата со мајонез со ниска масленост помеѓу слоевите.