Лесно за подготовка.
Состојки:
500 гр посни бисквити
400 гр мелени ореви
300 гр шеќер
200 мл млеко од соја за потопување на бисквитите
150 гр гриз
100 гр темно чоколадо
1 литар вода
7 лажици џем од кајсии
Глазура:
100 гр чоколадо за готвење
2 лажици масло
Подготовка:
Сварете го гризот со шеќер и вода. Додадете го чоколадото во врелиот гриз и мешајте додека не се растопи. Кога малку ќе се излади додадете ги оревите и џемот. Потопете ги бисквитите во млеко и наредете ги на дното од тавата како кора.
Филувајте, па наредете го вториот ред колачиња, па филот и така додека не искористите се. Целата торта се покрива со фил наоколу, а на последниот ред колачиња се става чоколадна глазура.
Оставете да се стегне, а потоа ставете ја тортата во фрижидер преку ноќ.