Храна и Пијалаци едноставен рецепт за омилен десерт

Посен колач медено срце

Посен колач медено срце

Меденото срце е омилен десерт на многумина, без разлика дали постат или не.

Овој рецепт е многу едноставен и за него ви се потребни неколку состојки, од кои речиси се веќе имате во кујната.

Состојки:

2 чаши вода
1 шолја масло
3 лажици шеќер
4 чаши брашно (по потреба)
4 супени лажици џем од кајсии
1 кесичка сода бикарбона
1 кесичка цимет
чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Соединете ги сите состојки заедно и добро измешајте. Се пече во подмачкана тава во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, додека не е готово. Растопете ја чоколадата за готвење за глазурата.

Кога ќе се излади премачкајте со џем и чоколадна глазура. Може да се посипе и со мелени ореви.

To top