Оваа торта, омилена на многумина, можете да ја направите дури и во деновите на постот.
За кората:
300 гр посен, мелен бисквит
125 гр маргарин
150 мл сок од портокал
За белиот фил:
500 мл билна слатка павлака
250 гр маргарин
20 гр желатин
100 ml вода
За филот со овошје:
800 гр малини
10 лажици шеќер
20 гр желатин
100 ml вода
Подготовка:
Во сад ставете ги мелените бисквити и растопениот маргарин и измешајте.
Истурете го сокот и мешајте додека смесата не стане компактна.
Ставете ја во плехот со прстен подготвената смеса и израмнете ја.
Посебно со миксер се мати растителната слатка павлака, па се додава маргаринот и се мати убаво.
Желатинот се раствора во вода, па се вари 2 минути.
Потоа се трга од оган и се остава да се излади 2 минути.
Постепено додавајте го во садот со слатката павлака и маргарин, притоа постојано матејќи.
Потоа, врз кората нанесете го белиот фил. Во тенџере ставете малини и шеќер и измешајте.
Растворете го желатинот во водата, па истурете го и измешајте. Варете додека не се згусне.
Кога ќе се излади, нанесете го врз белиот фил. Оставете во фрижидер да се излади и стегне.
Потоа извадете го прстенот и исечете го чизкејкот на парчиња.
Добар апетит!