Храна и Пијалаци

ПОГАЧИЦИ СО СЛАНИНА: Меки, миризливи и совршени за појадок

ПОГАЧИЦИ СО СЛАНИНА: Меки, миризливи и совршени за појадок

Домашните погачици секогаш се вистински избор кога сакаме нешто топло, миризливо и вкусно на масата. Овие погачици со сланина се меки одвнатре и малку крцкави однадвор, со богат вкус на домашна сланина. Лесни се за подготовка и се одлични за појадок, ужина или послужени со јогурт.

Состојки:

130 мл млеко
120 мл јогурт
40 мл масло
1 јајце
2 лажички шеќер
1 лажичка сол
10 гр свеж квасец
520 гр брашно
250 гр домашна сланина
жолчки од јајца за премачкување
сусам

Подготовка:

Измешајте квасец и шеќер во млако млеко. Потоа додадете јогурт, масло, јајце и сол и мешајте сè со вилушка додека јајцето не се соедини со другите состојки. Додадете брашно и замесете мазно тесто. Формирајте топка од тестото, премачкајте ја со малку масло, покријте ја со пластична фолија или кеса и оставете ја да нарасне околу 30 минути на топло место.

Во тоа време, подгответе ја сланината. Исечете ја на тенки листови, потоа на коцки и кратко пржете ја во тава додека не добие златна боја. Потоа исцедете го вишокот маснотии и оставете ја сланината да се олади.

Добиеното тесто расукајте го во правоаголник со дебелина од околу 0,5 см. Одозгора распоредете ја пржената сланина, потоа превиткајте го тестото на половина, па повторно на половина, додека не добиете помал правоаголник. Оставете да отстои 10 минути.

После тоа, повторно растегнете го тестото во правоаголник со дебелина од околу 1 см. Исечете ги погачите на коцки или по желба. Наредете ги на тава обложена со хартија за печење, премачкајте ги со жолчка од јајце и наросете ги со сусам.

Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 12 минути, или додека убаво не поруменат.

To top