Храна и Пијалаци

Пилешка крем супа

Пилешка крем супа

Вкусна, лесна, кремаста пилешка супа.

Состојки:

  • 5 пилешки карабатаци  (без коска)
  • 2 лажици несолен путер
  • 3 чешниња лук
  • 3 главици кромид
  • 3 моркови
  • 2 корени од целер
  • 300 грама печурки
  • 3 лажици брашно
  • 4 шољи пилешки бујон
  • 2 дл павлака за готвење
  • 2-3 ловорови листа
  • Сол, сув зеленчук, бибер, магдонос
  •  2 лажици маслиново масло

Подготовка:

Пилешките карабатаци исечете ги на помали парчиња со иста големина. Ситно исецкајте го кромидот и лукот. Исечете го морковот и коренот од целер на мали кругови или коцки, и печурките на тенки парчиња. Во тава на тивок оган, загрејте го маслиновото масло, потоа додадете го сецканото пилешко, пржете го додека не порумени. Зачинете по вкус и оставете го настрана. Во соодветно тенџере, ставете го путерот на тивок оган да се растопи, додадете го кромидот и лукот, морковот, коренот од целер и печурките. Пржете додека зеленчукот не омекне. Потоа додадете го брашното, пржете околу 1 минута, додека малку не поруменат. Мешајќи постојано, додадете го пилешкиот бујон, пилешкото  и ловоровиот лист. Гответе 15 минути, мешајќи повремено. Потоа додадете ја павлаката за готвење и гответе уште 2-3 минути. Зачинете со сол, црн бибер и сув зеленчук. Ако супата е премногу густа, додадете повеќе павлака за готвење.

На крај, додадете свежо сецкан магдонос.

 

МИА

To top