Ако сакате полнети компири во рерна, ќе ви се допадне оваа пилешка верзија.
Состојки:
500 гр пилешки гради
50 гр крем сирење
50 гр спанаќ
20 гр кашкавал
мелена пиперка
сол
бибер
масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. На малку масло издинстајте го спанаќот, а потоа измешајте го крем сирењето. Засечето го пилешкото, така што меѓу „џебовите“ има празнина од 1 сантиметар, но не сечете до крај, туку 75% од дебелината на месото.
Наполнете ги процепите со смесата од спанаќ и крем сирење. Префрлете ги во тава обложена со хартија за печење.
Зачинете и посипете со рендан кашкавал. Печете околу 25 до 30 минути, во рерна загреана на 200 степени. Кога месото ќе се свари и ќе се стопи сирењето, ќе знаете дека е готово. Пријатно!