Овој едноставен, малку изменет рецепт за палачинки комбинира класичност и зимски вкус што сигурно ќе им се допадне на сите во куќата.
Состојки:
1 јајце
250 мл млеко
120 г брашно
1 лажичка цимет
1 лажичка прашок за пециво
1 лажица шеќер
малку путер за тавата
Измешајте ги сите состојки додека не добиете свиленкаста смеса без грутки. Намастете ја тавата со путер и загрејте ја, потоа истурете ја смесата и печете ги палачинките околу една минута од секоја страна, додека не добијат златно-кафеава боја.
За дополнителен празничен шмек, направете ароматичен прелив од 1 лажица растопен путер, 1 лажичка цимет и 1 лажица мед. Сервирајте со парчиња јаболко за вистинско зимско уживање.