Храна и Пијалаци здрав живот

Ова смути ќе ве разбуди уште од првата голтка: Само една чаша ќе внесе свежина во денот

Детоксикацијата работи на принципот на стимулирање на црниот дроб и циркулацијата, што го зајакнува имунитетот и ги отстранува различните токсини од телото. Се користи за чистење на крвта и првенствено делува на отстранување на токсините од бубрезите, црниот дроб, белите дробови и лимфата, а доколку сте размислувале за детоксикација на целото тело, сега е вистинското време за тоа.

Исто така, смути се богати со хранливи материи и витамини, па ќе ви обезбедат дополнителна енергија, особено на почетокот на денот. Еве еден таков рецепт.

Состојки:

1 портокал
1 грст свеж спанаќ
1 грст свежо сечкан кељ
4 мали цветчиња брокула
1 банана
1 јаболко
1/2 морков
1/2 чаша вода (или по потреба)

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат околу минута или две, додека убаво не се соединат. Пијте веднаш по правењето.

Не е добро да правите смути за следниот ден, секогаш треба да ги пиете свежи веднаш по нивното правење.

To top