Храна и Пијалаци

Одлично предјадење, ролнички од модар патлиџан

Одлично предјадење, ролнички од модар патлиџан

Вкусен, лесен и визуелно привлечно предјадење или мезе! Овие ролнички од модар патлиџан се полнети со кремасто сирење/урда, ароматични зачини и печен сусам, а декорирани со свеж магдонос и шери домати. Совршени се за летните денови, лесни забави или како дел од свечена трпеза.

Состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 200 грама сирење/урда
  • 100 грама сецкани ореви
  • 3 лажици сусам
  • сол, бибер, лук во прав (по вкус)
  • една китка свеж магдонос
  • маслиново масло

Подготовка:

Патлиџанот исечете го на тенки ленти по должина. Секоја лента премачкајте ја со маслиново масло и испечете ја на грил тава додека не омекне и добие убави линии од печење.
Сусамот испечете го на сува тава на тивок оган додека не добие златно-кафеава боја. Две лажици од печениот сусам и сецканиот магдонос измешајте ги со сирењето/урдата. Додадете сол, бибер и малку лук во прав по вкус.

На секоја печена лента од модриот патлиџан ставете по една лажица од подготвениот фил, па замотајте во ролничка.

Совет:
Овие ролнички можат да се сервираат и топли и ладни. Одлични се и како предјадење и како здраво мезе со чаша бело вино.

To top