Храна и Пијалаци

Њоки во кремаст сос – ручек полн со протеини

Овој брз оброк е совршен за петок: вистинска утешна храна која е кремаста, но и здрава поради изобилството на протеини и хранливи материи.

Њоки во кремаст сос – ручек полн со протеини

Брзиот ручек е секогаш посакувано решение, но кога ќе додадете и дека може да се направи на здрав начин во вашата кујна, тогаш тоа е совршен оброк.

Денес, предлог за ручек се њоки во бел сос со бело месо.

Состојки:

400 грама њоки
400 грама пилешко бело месо
250 мл неутрална павлака за готвење
300 грама замрзнати коцки спанаќ
сол и бибер
1 глава кромид
3 чешниња лук

Подготовка:

Сварете ги њоките во солена вода. Пржете го кромидот и лукот во маст. Додајте го пилешкото и динстајте уште 15 минути. Додајте ги коцките спанаќ и измешајте сè. Зачинете со сол и бибер. Додајте неутрална павлака и динстајте сè на тивок оган околу 5 минути. Сервирајте топло.

To top