Храна и Пијалаци рецепт

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги подготвите.

Направете неодоливи КРОКЕТИ ОД КОМПИР: Крцкави однадвор, меки одвнатре – повкусни од купечките

Потребно ви е малку време и само неколку состојки.

Крокетите од компир најчесто се служат како додаток на главните јадења, а неодоливата комбинација на меко и крцкаво ги направи толку популарни. Се верува дека настанале во Франција кон крајот на 19 век. Можете да ги купите во продавница, но најдобро е сами да ги подготвите.

Состојки:

700 гр компир

150 гр брашно

40 гр путер

2 жолчки

За кората:

2 јајца

200 гр брашно

200 гр презла

Подготовка:

Сварете ги компирите, процедете ги, додадете го путерот, па направете пире. Потоа додадете ги жолчките и зачините по желба, сè убаво измешајте и додадете го брашното. По потреба можете да додадете брашно, а тестото би требало да ви се лепи за рацете.

Посипете ги рацете со брашно, па од смесата формирајте крокети. Потоа извалкајте ги во презла, па во јајца и повторно во презла. Пржете ги на добро загреано масло. Наредете ги на салфетка за да се впие вишокот масло.

Пријатно јадење!

To top