Храна и Пијалаци

Направете ги највкусните домашни кроасани: Меки одвнатре и крцкави однадвор

Направете ги највкусните домашни кроасани: Меки одвнатре и крцкави однадвор

Без разлика дали ги правите за појадок, попладневнa ужинка или посебни пригоди – овие кроасани сигурно ќе станат омилени во вашата кујна.

Подготовката е едноставна, а резултатот вреди секој труд. Можат да бидат солени или слатки, празни или полнети – изборот е ваш.

Состојки:

20 г квасец
3 лажици масло
2 дл млеко
1 дл вода
1 лажица сол
1 лажичка шеќер
400–500 г брашно (додадете по потреба)
100 г путер (омекнат)
1 јајце за премачкување

Подготовка:

Додадете го квасецот и една лажичка шеќер во млаката вода. Оставете неколку минути да се активираат. Истурете топло млеко, масло и сол во голем сад, потоа додадете го квасецот добро измешајте сè.

Постепено додавајте го брашното и месете мазно, меко тесто. Можно е да не ги искористите сите 500 г брашно – важно е тестото да не биде премногу тврдо. Покријте го и оставете го на топло место да нарасне околу 1 час.

Кога тестото ќе нарасне, префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 8 еднакви делови (топчиња). Секое топче расукајте го во круг со големина на мала чинија.

Намачкајте малку омекнат путер врз секој круг, освен последниот. Потоа редете ги сите кругови еден врз друг, завршувајќи со оној без путер.

Развлечете го сложеното тесто во голем круг што е можно потенок. Ако сакате помали кроасани, исечете ги на 32 дела, а за поголеми, доволно се 16.

Исечете го секој триаголник на врвот лесно со нож, а потоа почнете да ги тркалате кроасани нанадвор од тој засек. Нежно истегнете го предниот дел додека ги тркалате. Свиткајте ги обликуваните кроасани малку навнатре и ставете ги во плехот. Покријте ги и оставете ги да отстојат уште 30 до 60 минути на топло место.

Премачкајте ги кроасаните со изматено јајце, а по желба можете да ги посипете со сусам, груб шеќер или да ги оставите без адитиви.

Печете ги во претходно загреана рерна на 250°C околу 15 минути, додека не добијат убава златно-кафеава боја. Можете да ги наполните по желба, со нутела, џем или било кој друг фил.

To top