Овој колач изгледа фантастично, а се приготвува лесно и со неколку состојки. Кремпитата е десерт што не се одбива.
Состојки:
За кората:
11 жолчки
11 лажици шеќер
11 лажици масло
11 лажици млеко
11 лажици брашно
малку прашок за печиво
кора од лимон
За шербетот:
22 лажици шеќер
11 лажици вода
резанка лимон
За кремот:
11 белки
11 лажици шеќер
Приготвување:
На почетокот, измерете ги состојките за шербетот и ставете ги на тивок оган да се готват. Потоа, одвојте ги белките од жолчките. Изматете жолчки и шеќер, додајте масло, па млеко и на крајот, додајте брашно измешано со прашок за печиво и кора од лимон.
Префрлете ја смесата во намрсена тепсија и печете ја десетина минути на 200 степени (повеќе или помалку, во зависност од рерната). Додајте лимон во шербетот.
Потоа, пригответе го кремот на следниов начин: матете ги белките, прво со најмалата брзина на миксерот две минути, потоа со поголема брзина, а притоа додавајте по лажица шеќер и матете. На крајот, зголемете на најголемата брзина.
Во изматените белки додајте шербет и добро изматете со миксер. Мора навистина добро да ги изматите белките, матете ги постојано додека се печат корите, а особено добро изматете ги откако ќе го додадете шербетот.
Преку корите сипете крем, израмнете и вратете ги во рерна 4-5 минути, за да се формира коричка. Оставете ги да се оладат на собна температура, а потоа ставете ги во фрижидер.
Напомена: Од наведената количина на намирници излегува навистина голем колач (димензиите на тепсијата за печење на корите треба да бидат 40-30 см). Ако сакате помал колач, намалете ја количината на намирниците.