Храна и Пијалаци топ 5

Најчести грешки кои ги правиме при варење на гравот

Ова е листата од грешки кои најчесто ги правиме при варење на гравот.

Најчести грешки кои ги правиме при варење на гравот

Можеби мислите дека е многу едноставно да се свари оваа ценета мешунка, сепак, не е така. Ова е листата од грешки кои најчесто ги правиме при варење на гравот.

1. Го готвиме предолго или прекратко

Варењето на гравот е вистинска „гастро“ наука, бидејќи никој точно не може да ви каже колку тоа трае. Се зависи од видот на гравот (путер, зеленчек, лима, азуки, тетовец …) и за тоа дали станува збор за млад или сув грав.

Сувиот грав може да се готви навистина долго, понекогаш и до два часа и повеќе, во зависност од тоа колку е стар и дали добро сте го накиснале претходно. Гответе го додека да омекне целосно, бидејќи никој не сака да јаде тврд и сиров грав.

Младиот грав се готви кратко, нешто повеќе од половина час, кој претходно сте го замрзнале. Во текот на готвењето двата видови грав редовно проверувајте ги, бидејќи единствено на тој начин ќе бидете сигурни дека нема да го преварите или да ви остане „жив“.

2. Не го наквасувате доволно долго сувиот грав

Старото правило гласи: гравот треба да кисне во вода минимум 8 часа. Најдобро би било да го оставите да мирува преку ноќта, а некогаш луѓето го оставале и цел ден. На една рака сув грав се додава 10 мали шолји ладна вода.

Ако брзате и немате време за долго натопување, ќе ви помогне брзата верзија на оваа постапка: на една рака сув грав додадете 10 шолји врела вода, па заедно ставете ги на оган да врие околу 3 минути. Потоа гравот тргнете го од огнот, покријте го со капак и оставете го така да стои миминум еден час.

3. Не ставате доволно зеленчук

Токму зеленчукот на варивото му ја дава потребната слаткост и богатство на вкус. Затоа не штедете на кромид, лук, морков, домат, корен од магдонос и целер.

4. Ставате премногу суво месо

Тајната на добриот грав е во балансот меѓу зеленчукот и месото. Премногу сувомеснати производи ќе му дадат на вашето вариво вкус на дим, и ќе ја „убијат“ слаткоста на зеленчукот.

5. Претерувате со зачините

Тоа пред се’ се однесува на солта, особено ако во варивото ставате премногу суво месо. При солењето водете сметка за тоа дека колбасите, ребрата и другото суво, димено месо се намирници кои содржат многу сол. Црниот пипер, црвената пиперка и феферонките дозирајте ги по сопствен вкус.

Некои сакаат „огнен“ грав од кој ви „чади од ушите“, а некои сакаат поблага верзија.

To top