Состојки:
400 гр спанаќ во брикети (може да биде свеж, но треба да го обарите во врела вода пет минути)
500 гр ситно сирење
половина лажичка сол
Бешамел сос:
100 мл масло
две полни лажици брашно
500 мл млеко
100 мл вода
половина лажичка сол
прстофат бибер
прстофат мускатно оревче
250 гр гауда сирење и 500 гр кори за лазања
Подготовка:
Одмрзнете ги брикетите спанаќ и исцедете ги.
Додадете сирење и сол и измешајте сè.
Во помала тава загрејте масло, додадете брашно и пропржете на средна температура додека малку не порумени.
Истурете млеко и додадете зачини и варете додека не се згусне сосот.
Не треба да биде „редовно“ густ, туку за нијанса потенок. За тоа искористете 100 мл вода за регулирање на густината.
Вклучете ја рерната да се загрее до 200 степени.
На дното на керамички или огноотпорен сад ставете малку сос, ред тесто, 1/4 од кашкавалот и спанаќот и сè премачкајте со малку сос.
Наредете вака во 4 реда, измеѓу во два реда изрендајте го кашкавалот. Оставете малку сирење за да имате одозгора.
За тој последен ред, од преливот, го мешате сосот што ви остана со спанаќот и кашкавалот и го премачкувате по целата последна кора, па посипете со остатокот од сирењето.
Откинете парче алуминиумска фолија и премачкајте ја едната страна со масло, а потоа ставете ја до лазањите.
Така печете 40 минути, извадете ја фолијата и печете додека не порумени.