Крофните бараат трпение, труд и време, за да бидат меки, вкусни, миризливи…
Состојки:
1 свеж квасец
500 мл топло млеко
1 лажица шеќер
5 жолчки од јајца
100 грама шеќер во прав
100 мл масло
1 лажица рендана кора од лимон
2 лажици коњак
1 ванилин шеќер
1 кг обично брашно
½ лажичка сол
масло за пржење
Подготовка:
Квасецот ставете го во млекото во кое сте додале шеќер и оставете го да нарасне околу 10 минути.
Мешајте ги жолчките и шеќерот во прав додека не добиете пена и на крај додадете го маслото. Измешајте ја подготвената смеса во нараснатиот квасец и оставете го да отстои 20 минути. По 20 минути, додадете ја ренданата кора од лимон, коњакот, ванилиниот шеќер и брашното измешано со сол.
Направете го тестото со електричен миксер, мешајќи го околу 15 минути, додека не добиете мазно, меко тесто.Превртете го тестото на набрашнета работна површина и развлечете го со расукана дебелина од еден прст. Покријте го со крпа и оставете го да нарасне додека тестото не се дуплира во волумен.
Исечете го нараснатото тесто во кружна форма со калап и веднаш ставете го на начин што ќе го подигнете и ќе го превртите, па прво испржете ја долната страна од крофната во загреаното масло, покриена во сад неколку минути.Откријте го садот, превртете ја крофната и пржете ја непокриена додека не добие златно-жолта боја.
Извадете ги печените крофни на впивлива хартија за да се отстрани вишокот маснотии.Наполнете ги топлите крофни со мармалад (по желба) користејќи шприц со тенка млазница.
Сервирајте ги посипани со шеќер во прав.