Ако треба да издвоиме некој посебен плод во ова време од годината, тогаш е тоа секако костенот. Некогаш само се печеа или се вареа, а денеска се незаобиколен дел од најубавите деликатеси.
Во „питомите“ костени, односно оние за јадење, има околу 53 отсто вода, белковини и јагленохидрати, додека главна состојка му е скробот. Исто така, богат е со калциум, калиум, магнезиум, сулфур, хлор, железо, бакар и манган, а содржи и фосфор како и повеќе витамини.
Татковина на костените е Кина, но печењето костени на улиците било забележано во стар Рим. Денеска костените ги користиме во многубројни вкусни рецепти, од колачи до месни јадења. Еден од поубавите примери е пилешкото во сос од костени.
Инаку, печените костени имаат поголема енергетска вредност, поголема количина белковини, масти, витамини и двојно поголема количина јагленохидрати. Исто така содржи и витамин Е и фитохемикалии кои не се застапени во варените костени кои пак содржат поголема количина минерални состојки.
Заради високата содржина на скроб костенот може да се иситни во брашното и да се помеша со бело или интегрално пченично брашно за правење леб, тестенини, колачи или, на пример, њоки.
Кога купувате костени обрнете внимание на тоа да се цели и на лушпата да немаат дупчиња, а не би требало ниту да бидат влажни.