Дознајте како да направите пржени кришки кои ќе ви успеваат секој пат.
Колку пати сте појадувале пржен леб, но не секогаш излегува добро? За да бидат вкусни лепчињата, треба да бидат крцкави на рабовите, но и меки во средината, не смеат да бидат премногу масни или да изгорат. Финтата е да знаете како да го исечете лебот и да ја направите смесата.
Професионалните готвачи ја открија тајната како да направите совршени пржени кришки. Кога ќе го исечете лебот, треба да внимавате да не е тенок, туку дебел околу 1,5 см. А лебот мора да е бајат или нема да биде добар.
Не ги пржете на путер, наместо тоа користете масло. Точната мерка за смесата е 1/4 чаша млеко и едно јајце на две кришки леб.
Ако сакате да го збогатите вкусот на пржените јадења, додадете зачини како бибер, вегета или пармезан, а ако правите благи , задолжително е цимет или ванилин шеќер.
Маслото мора добро да се загрее и при пржењето задолжително да ги вртите.