Храна и Пијалаци рецепт

Италијански специјалитет со совршен спој на вкусови

Сварете ги тестенините ал денте, па одвојте 100 мл од водата за готвење.

Италијански специјалитет со совршен спој на вкусови

Ви треба:

4 парчиња пилешки гради без коски и без кожа
800 гр шпагети
8 ленти дебело исечена сланина, исечкана на парчиња
4 чешниња лук, многу ситно изрендани
2-4 лажици сечкан свеж босилек
сол и мелен бибер, по вкус

За сос од карбонара:

8 јајца
360 гр рендан пармезан
сол и мелен бибер, по вкус
200 гр крем за готвење

Подготовка:

Сварете ги тестенините ал денте, па одвојте 100 мл од водата за готвење.

Во сад измешајте ги јајцата, пармезанот, малку сол и бибер и кремот за готвење.

Изматете го и оставете го на страна. Пропржете ја сланината, а потоа во таа маст додадете го исецканото пилешко.

Додадете сол и бибер и пржете 5 до 7 минути. Измешајте ги лукот и маслиновото масло.

Следно, вратете ја сланината во тавата и додадете ги тестенините.

Додадете ја смесата со јајцата како и резервираната вода за готвење.

Добро измешајте, па посипете со свеж босилек.

Добар апетит!

To top