Идеален деликатес за време на постот. Го јаделе нашите баби. Лесно се подготвува, вкусен е и здрав.
Потребно ви е:
1 килограм тврди круши
100 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Излупете ги крушите, исечете ги на половина и извадете ги семките. Ставете ги во сад така што исечениот дел ќе се притисне на дното. Посипете со шеќер и истурете вода до половина. Покријте го садот со капак или покријте го со фолија. Оставете на многу тивок оган 30 минути.
Кога ќе се извади фолијата или капакот, крушите се посипуваат со ванилин шеќер. Потоа се вадат на посебна чинија да се изладат, се чува сирупот и се прелива со изладените круши пред послужување.