Иако состојките се ограничени, вкусот и декорација не секогаш мора да бидат „сиромашни“.
Кога е време на пости и посни слави, еве што може да се подготвите и да се засладите без грижа на совест:
Бомбици со банана и кокос
Потребни состојки:
200g кокос
2 банани
200g шеќер во прав
200g посни бисквити, мелени
Подготовка:
Испасирајте ги бананите. Додадете го шеќерот во прав, па добро измешајте. Ставете половина од кокосот и сите мелени бисквити. Кога ќе добиете изедначена смеса, обликувајте топчиња и извалкајте ги во преостанатиот кокос.
Чоколадни суви сливи
Потребни состојки:
20-тина суви сливи
3 реда чоколадо за готвење
50g мелени ореви
50g мелени посни бисквити
3 лажици шеќер во прав
Сок од лимон
Лажица рум
Подготовка:
Оставете ги сливите во топла вода да омекнат. Исечете ги по должина и извадете ги семките. Измешајте ги мелените ореви, бисквитите, шеќерот во прав, румот и неколку лажички лимон. Со добиената смеса наполнете ги сливите. Истопете го чоколадото со неколку капки вода. Мацкајте ги сливите во стопеното чоколадо и оставете да се оладат половина час.
Лешник гнезда
Потребни состојки:
2dl вода
200g шеќер
150g маргарин
100g чоколадо за готвење
150g мелени лешници
250g посни бисквити, мелени
Мелени лешници и уште 200g стопено чоколадо за декорација
Подготовка:
Ставете ја водата на оган и додадете ги шеќерот, маргаринот и чоколадото додека не зовријат. Тргнете од шпорет и додадете го кексот и мелените мешници. Кога смесата ќе се олади, формирајте бомбици и направете вдлабнатини во средина со прст, додека не добиете облик на гнездо.
Оладете ги формите па потоа извалкајте ги во мелените лешници и во секое дупче ставете по малку стопено чоколадо.
Чоко шишарки
Потребни состојки:
1 маргарин
200g шеќер
5 лажици мед
100g црно чоколадо
100g сечкани ореви
200g корнфлекс
Подготовка:
Истопете го маргаринот со 200g шеќер. Додадете го медот, чоколадото и оревите. На крај додадете полна кутија корфлекс. Добро измешајте и тргнете од оган.
Малку оладете и вадете од смесата со голема лажица и ставајте во хартиени корпи.