Може да го подготвите за појадок, кога сте во гужва или како десерт.
Готвачката Рошани од Австралија го сподели својот едноставен рецепт за француски тост со Нутела, кој е готов за само три минути, пренесува Daily Mail. Може да го подготвите за појадок, кога сте во гужва или како десерт со кој ќе уживате во филмот.
Состојки:
Бел леб
Нутела
Јагоди
2 јајца
1/3 шоља млеко
5 лажици шеќер
¼ лажичка ванилин шеќер
Цимет
Маргарин
Подготовка:
Исечете ја кората од лебот и израмнете го со сукало. На него намачкајте колку Нутела сакате и ставете ги исечените јагоди. Завиткајте во ролна.
Изматете ги јајцата, млекото, три лажици шеќер и ванилин шеќер и во посебен сад измешајте го остатокот од шеќерот и малку цимет.
Ролните прво извалкајте ги во изматените јајца, млеко, шеќер и ванилин шеќер.
На крај, извалкајте во мешавината од шеќер и цимет и уживајте!