Меко црвено срце, нежен крем и залак што мириса на љубов: оваа торта е најубавиот (и најслаткиот) подарок за Денот на вљубените.
Со крем фил и бело срце одозгора, оваа торта е идеална за романтична вечера, изненадување.
Состојки:
За тесто:
2 јајца
150 гр шеќер
120 мл масло
200 мл јогурт
200 гр брашно
1 лажица какао
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
прстофат сол
1 лажичка ванила
црвена прехранбена боја (најдобра е гел)
За крем:
250 г маскарпоне сирење
200 мл слатка павлака (минимум 30 проценти мм)
2-3 лажици шеќер во прав
ванила по желба
Декорација:
црвени трошки (од исечено тесто или рендан бисквит обоен со боја)
срце од бело чоколадо (или бело чоколадо во калап)
Подготовка:
Изматете јајца и шеќер 2-3 минути, потоа додадете масло и јогурт. Во друг сад измешајте брашно, какао, сол, сода и прашок за пециво. Измешајте ги сувите и влажните состојки, додадете ванила и црвена боја додека не добиете интензивна црвена нијанса.
Истурете во намастен и набрашнет калап. Печете на 175 степени околу 25-30 минути (проверете со чепкалка за заби). Оладете целосно. Изматете ја слатката павлака додека не стане цврста, потоа додадете го маскарпонето и шеќерот во прав. Кремот треба да биде густ и стабилен.
Исечете го тестото на 2 дела (по желба). Намачкајте го кремот помеѓу и преку целата торта.
Црвен „плишан“ ефект
Исечете тенок слој бисквити или здробете ги остатоците во трошки. Тапкајте ги трошките врз филот за да добиете кадифен изглед.